Американец и’ испратил писмо на девојче во Хрватска, а таа му одговорила после 23 години


Ендру Пиотровски од Илиноис, на 7-годишна возраст, преку црквата во која оделе неговите родители, испратил писмо и подароци за друго дете.
“Здраво. Моето име е Ендру. Се надевам дека ќе ти се допаднат играчките. Имам седум години. Сакам кошарка. Сакам да си играм. Ти? Среќен Божиќ”, пишувало во писмото.
Иако тогаш не знаел, подароците ги добила Кристина Бруњаи, од Хрватска.
Всушност таа го побарала на Фејсбук, минатиот месец. Подароците и писмото ги добила пред 23 години, додека во Хрватска имало војна, па многу ѝ значеле.
“Нешто навистина неверојатно ми се случи денес. Добив порака на Фејсбук од некој кој не го познавам, а бидејќи сум многу внимателен со тие работи, бев спремен да ја избришам пораката. Меѓутоа, сакав да ја видам сликата која ми ја испратија, бидејќи сум премногу проклето љубопитен, за да не погледнам… Излезе дека на 7 години сум напишал писмо за анонимно дете, со некакви подароци, како дел од иницијативата на црквата во која одеа моите родители. Подароците и писмото ги добила девојката Кристина, од Хрватска. Некако го зачувала ова писмо сите овие години и ме побарала на Фејсбук (адресата од писмото не ја користам од средно училиште). Ми рече дека писмото го добила за време на војната (војната во Хрватска заврши во 1995-та година, па се совпаѓа со староста на моето писмо) и дека подароците и писмото многу ѝ влијаеле на животот, чувствувала како да му е важно на некој како ѝ е”, напишал Ендру.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10100477984114745&set=a.535520038335&type=3


Додал дека тоа е доказ дека секогаш треба да бидеме добри едни кон други.
“Имаме поголемо влијание врз другите отколку што мислиме. Дури и да нема причина за да правиме добри дела, бидете сигурни дека тие прават разлика во нечиј живот. Сѐ уште сакам кошарка и сѐ уште сакам да си играм. Некогаш некои работи не се менуваат”, напишал.
Неговата приказна за писмото ја пренесува и “Chicago Tribune”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тие никогаш не откриваат сè: Најтаинствените хороскопски знаци

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …