АЛИШТАТА ДА ВИ БИДАТ КАКО НОВИ: Сода бикарбона и уште една тајна состојка ги отстрануваат сите дамки

Нема да мора да трошите пари на скапи средства! Сода бикарбоната ги отстранува дамките и ги избелува алиштата, а има и трик состојка.
И покрај мноштвото купени средства за отстранување на разни видови дамки, многу домаќинки претпочитаат да се одлучат за докажани, домашни рецепти на нашите баби.

Еден од нив се користи уште од античко време и буквално во семејствата се пренесува од генерација на генерација.


За да се ослободите од дамките и да ја вратите белината на алиштата, искористете го она што речиси секоја домаќинка го има дома – сода бикарбона и сапун за перење. По желба, за попријатен мирис, во смесата додадете неколку капки етерично масло по избор…


Сода бикарбоната не само што ќе ги отстрани дамките, туку и ќе ја врати свежината на белите предмети. Во големо тенџере измешајте 90 грама сода бикарбона со 60 грама крупно изрендан сапун за перење. По желба додадете пет капки масло од лаванда и литар ладна вода. Оставете ја смесата да зоврие, а потоа потопете ги алиштата во неа и оставете ги да отстојат неколку часа.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Преподобен Александар

Преподобен Александар Роден е во Азија, школуван во Цариград. По завршувањето на школувањето се предаде …