„Алфа и Омега“ – Концерт на македонската филхармонија со еден од најпознатите пијанисти на денешницата Фазил Сај

За официјалното затворање на првиот дел од концертната сезона во која Македонската Филхармонија прославува 80 години ЉУБОВ, вечерва во 20:00 часот во концертната сала на Филхармонија, присутните ќе можат да уживаат во концертот на еден од најпознатите пијанисти денес – Фазил Сај.

Диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел.


Концертите на Фазил Сај, се нешто поинакво. Тие се директни, отворени, возбудливи – стрелаат право во срцето.

Не пропуштајте го концертот АЛФА И ОМЕГА, со маестралниот Сај кој настапува со грандиозниот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Бетовен!


Програма:

Л.в.Бетовен: Увертира „Егмонт“, оп. 84
Л.в.Бетовен: Концерт за пијано и оркестар бр. 3 во це-мол, оп.37
***
Н.Римски – Корсаков: Симфониска суита „Шехерезада“ оп. 35


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Доделување на наградите „Гласник на невидливите“ за 2024

Денес во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 19:30 часот, во организација на Македонска …