АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Денес го очекуваме максимумот на овој рано летен топлотен Африкански бран во Македонија

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Денес во Македонија го очекуваме максимумот на рано летниот топлотен Африкански бран, со што и температурите ќе бидат највисоки, а времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево, но со појава на умерена локална облачност. Сепак во текот на денов ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.


Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можело да се искачат до 30 степени. Не се исклучува можноста температурите во најтоплите предели понекаде да се искачат дури и над 30 степени.

Во Скопје и околината максималната температура денес се очекува да се искачи до близу 30 степени, но и таму ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.


И понатаму од Сахара према наташа држава ќе се врши значителен транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде многу заматена, а времето ќе биде мачно и спарно, што особено лошо ќе влијае врз метеопатите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …