Актерот Роби Колтрејн, од „Хари Потер“, почина на 72-годишна возраст

„Роби Колтрејн за жал почина денеска, 14 октомври“, потврди неговиот агент.
Познатиот актер, кој го толкуваше Рубеус Хагрид во франшизата „Хари Потер“, починал денес, на 72-годишна возраст.
Во соопштение за медиумите неговата агентка Белинда Рајт ја сподели тажната вест: „Мојот клиент и пријател Роби Колтрејн почина во петок на 14. октомври.
Во соопштението, неговата агентка потврди дека актерот починал во болница во близина на Фалкирк, Шкотска. Таа го опиша Колтрејн како „уникатен талент“ додавајќи дека неговата улога како Хагрид им донела радост на децата и возрасните ширум светот.
Колтрејн исто така е познат по улогите во детективската драма на „ITV Cracker“ и во филмовите за Џејмс Бонд „Goldeneye“ и „The World is Not Enough“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашата актерка Маја Вељковиќ-Пановска

Маја Вељковиќ Пановска е родена на 21 февруари 1971 година во Скопје. Таа е македонска …