Актер починал за време на претстава

Рускиот актер Леонид Ремнев починал за време на настап во театар во Нижни Новгород, соопшти регионалниот огранок на Синдикатот на театарските работници.
Синдикатот на социјалната мрежа Вконтакте објавил дека Ремнев починал на 78-годишна возраст за време на претставата „Васа“ според делата на Максим Горки, откако му се слошило и брзата помош не пристигнала да го спаси.

Театарот објавил дека во текот на својата 52-годишна актерска кариера, Ремнев играл во дела на современи автори и бил добитник на повеќе награди за неговите уметнички достигнувања, меѓу кои и на наградата Пушкин.


Фото: Принтскрин/People’s Artist of Russia

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Јупитер почнува ретрограден од на 9 октомври: Грешките од минатото повторно се актуелни, а некој се соочува со предизвици – 3 знаци се особено погодени

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …