АКТЕР ИЗБОДЕН ВО СВОЈОТ СТАН: Лекарите се борат за неговиот живот!

Еден од најпознатите боливудски актери бил нападнат во својот дом во Мумбаи…
Познатиот боливудски актер Саиф Али Кан бил нападнат со нож во неговиот стан во луксузен кварт во Мумбаи. Како што соопштила градската полиција, непознат натрапник нешто по полноќ упаднал во неговиот стан, што предизвикало конфликт меѓу нив при што актерот бил избоден шест пати.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by The Hindu (@the_hindu)


Според пишувањата на странските медиуми, актерот веднаш бил пренесен во болница, каде тим лекари констатирале дека две од шесте убодни рани биле на критичните точки на телото, а едната била дури и блиску до карлицата. Додека лекарите се загрижени за здравјето на актерот, полицијата води истрага и засега само констатирала дека се работи за обид за кражба, а идентитетот на провалникот се уште не е познат.


Имено, Саиф Али Кан е еден од најпознатите индиски актери на боливудската филмска индустрија. Роден е на 16 август 1970 година во Њу Делхи, а познати се и неговите родители. Неговата мајка е познатата актерка Шармила Тагоре, а татко му е индискиот принц и играч на крикет Мансур Али Кан Патауди. Саиф е познат и по прекарот „Чхоте Наваб“, што во превод значи „малиот принц“, со што се потврдува неговото аристократско потекло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by India Today (@indiatoday)

Во 1990 година, Саиф ја започнал својата кариера и се здоби со популарност и слава глумејќи во романтични комедии, акциони филмови и се појави во серијата на Нетфликс, “Sacred Games”.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …