Актерот Пол Тил починал по битка со тешка болест на 35-годишна возраст, пишува Daily Mail.
Пол беше ѕвезда на популарната серија „One Tree Hill“. Веста дека актерот починал по битка со ракот ја објави неговата вереница Емилија Торело.
View this post on Instagram
– Најпромислениот, најинспиративниот, најмотивираниот, најдисциплинираниот и најљубениот човек почина во петок на 15 ноември 2024 година. Пол, ти беше мојата сродна душа, мојот иден сопруг, мојата карпа и мојата иднина. Ми ги наполни белите дробови со смеа, стомакот со пеперутки, а срцето со љубов. Беше прерано земен, во битката која храбро ја водеше без грешка. И покрај тоа што еден дел од мене умре со тебе, ветувам дека ќе се борам да најдам радост во животот подеднакво силно како што ти се бореше да живееш секој ден. Светот е среќен што воопшто го имал моментот со Пол Тил, а јас сум најсреќната личност во него бидејќи можев да те наречам свој. Ќе те сакам засекогаш – напишала свршеницата на Пол.
View this post on Instagram
Пол се појавувал и во серии како „Goode Behavior”, „Dynasty”, „The Walking Dead: World Beyond” и „Outer Banks”.
Фото: Принтскрин/Instagram