Експерт за врски предупредува дека една реченица може да издаде маж кој ја изневерува својата партнерка!
Кори Сколник (33) е експерт за врски кој преку неговите смешни видеа на TikTok ги објаснува машко-женските односи, а сега открил дека една фраза што мажите ја кажуваат треба да „пали сијалица“ кај жените.
Имено, тој истакнал дека реченицата „таа е само моја пријателка“ всушност може да сокрие многу повеќе од тоа.
Во видеото Сколник објаснил како всушност се „преведува“ оваа реченица: „Оваа личност ја чувам во резерва, секогаш кога ми е досадно. Можеби ќе те замени ако си заминеш. Згора на тоа, можеби веќе имам нешто со неа. Ако се жалиш на моето однесување во однос на таа личност, ќе се погрижам да делуваш како личност која сака да контролира сè“.
Многумина се согласие со неговото мислење, што можело да се види во коментарите.
„Да беше навистина само пријателка, ќе ги разбереше границите и ќе ја почитуваше неговата врска“, е еден од коментарите, додека друга девојка додава: „Научив дека ако ти претстави некого само како пријател и не го кажува нејзиното име, внимавајте“.
„Да, и неговата ‘пријателка’ сега му е сопруга откако ги фатив како изневеруваат“, е друг коментар.
Фoтo: Принтскрин/TikTok