Аеросмит ја прекинал турнејата поради здравствени проблеми на пејачот

Рок групата Аеросмит ја прекинала турнејата по Јужна Америка и ги откажала концертите во Бразил, Чиле, Аргентина и Мексико поради неочекувани здравствени проблеми на пејачот, Стив Тајлер кој итно бил префрлен на лекување.
Точната причина за здравствените проблеми на Стивен Тајлер не е позната, но пејачот се обидел да ги убеди своите фанови па и’ јавноста дека состојбата не е сериозна.
„Ве молам, не се грижете. Не сум животно загрозен, но морам веднаш да се соочам со тимот и да се посветам на лекување. Ветувам дека ќе се вратам.
Здравјето не може да чека. Знаете како велат луѓето:’Луѓето планираат а Господ се смее’. Ве сакам и наскоро ќе се вратам“ навел Тајлер во соопштението.


Во јули, минатата година, бил хоспитализиран гитаристот на Аеросмит, Џо Пери, откако се онесвестил на бината за време на настапот со бендот Hollywood Vampires.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен е повикот за пријавување групни маски за манифестацијата „Сусурига 2025“

Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“со задоволство го најавуваат организирањето на …