Аеродром викендов пулсираше во Џевахир Мол Скопје

Населба Аеродром изминатиот викенд пулсираше во ритамот на музиката, а Џевахир Мол Скопје повторно беше центар на забавата и дружењето во нашиот главен град. Под мотото „Аеродром пулсира vol.2“, посетителите на новоотворениот трговски центар, на 14 јуни можеа да го проследат завршното годишно шоу на младите тапанари од Studio М на Мартина Баракоска, по што следеше и специјалниот настап во живо на неверојатниот млад бенд „Црно собрание“.

Втората вечер, на 15 јуни ја отвори Диџеј Чваре со свој сет, по што сцената ја освоија регионалните трап и хипхоп ѕвезди 2Бона. Атмосферата кулминираше со настапот на неповторливата македонска поп ѕвезда, Тамара Тодевска, која ги испеа своите најголеми хитови.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …