Неуспешен обид на Шпанците да му „го растурат бракот“ на Новак Ѓоковиќ

Луѓето доаѓаат на чудни идеи за зголемување на читаноста, а се чини една одбизарните била на еден шпански магазин…
За да стекне сензационалност еден од водечките шпански магазини, дошол на идеја да и плати на шпанска старлета, да му пријде на Новак Ѓоковиќ и да го бакне во врат. Од магазинот сакале да го потресат складниот брак на Новак и Јелена и да му ги порематат подготовките пред турнирот „Роланд Гарос“.


Сепак, до средбата помеѓу српскиот тенисер и старлетата не дошло бидејќи таа ја одбила понудата.

„Старлетата долго се двоумеше, и за малку ќе ја прифатеше ‘лесната’ заработка. Но, таа има сериозна врска со еден бизнисмен кој е милионер, па ќе си имаше проблеми. Затоа на крајот ја одбила нечистата игра, со констатација дека Новак е одличен спортист со ниедна дамка во својата кариера“, изјавил извор за шпанскиот магазин Тв плус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …