(ВИДЕО+ФОТО) Промо: Александра Јанева со прва авторска песна

Слушнете го одговорот на Александра Јанева!
На неполн месец од промовирањето на последниот сингл „Срце отвори” поп-пејачката Александра Јанева денес објави уште една нова песна.


Текстот на песната „Одговор” е на Александра, а зад музиката се потпишува заедно со Тино Стојановски. На аранжманот работеле со продуцентот Иван Јованов Iwayo. Видеото е изработено од Pinestel продукција.


„За мене ’Одговор’ е една нова страна во музиката. Премолчувањето станува внатрешна борба со сопствените потиснати чувства. ’Одговор’ е за изневерената толеранција, доверба, љубов”, вели пејачката за своето прво авторско дело.

Песната ќе се најде на деби-албумот на Јанева насловен „Срце отвори”.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …