Тие се водители на 91. церемонија на доделувањето на Оскари!

Американската академија на филмските науки и уметности соопштила список од 13. глумци и познати личности кои ќе бидат водители на 91. церемонија на доделувањето на Оскарите која ќе се одржи на 24. февруари во Долби театарот во Лос Ангелес.
Меѓу нив се Тина Феј, Вупи Голдберг и Бри Ларсон, како и Даниел Крег,Џенифер Лопез, Крис Еванс, Шарлиз Терон, Теса Томсон и Маја Рудолф, јавила агенцијата АП.
Годинешната, 91. церемонија на доделување на Оскарите ќе биде орджана без домаќин водител првпат од 1989. година.
Американскиот комичар Кевин Харт се откажал од таа улога поради реакциите на неговите стари хомофобични пораки на Твитер. Последните две години церемонијата ја водеше комичарот Џими Кимел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …