На 12 април во НОБ, ќе се одржи ексклузивен концерт со оркестарот и солистите од Националната опера и балет

На 12 април со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет, ќе се одржи ексклузивен концерт со оркестарот и солистите од Националната опера и балет, во рамките на фестивалот „47. Денови на македонска музика“ 2024.

На концертот, публиката ќе може да проследи дела од композиторите на кои им се одбележуваат јубелјните години од раѓањето Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, премиерната изведба на делото на композиторот Стојан Стојков и делата на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски.


Како солисти на концертот ќе настапат Весна Ѓиновска Илкова, сопран, Наде Талевска, сопран, Гонца Богоромова, сопран и Горан Начевски, баритон, во придружба на оркестарот, а под диригентска палка на Иван Еминовиќ.
Влезот за концертот е слободен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …