Сопругата на Вилис е свесна за тежината на ситуацијата: „Во светот на деменцијата, вашите опции се ограничени…“

Ема Хеминг Вилис продолжува да учи за проблемот со деменцијата откако минатата година оваа болест му беше дијагностицирана на нејзиниот сопруг, познатиот актер Брус Вилис.
Ема е свесна за тежината на ситуацијата и фактот дека Брус никогаш повеќе нема да биде неговото старо јас.
Но, во претходниот период таа беше посветена на учење и истражување, а сега на Инстаграм објави дека била и на промоција на книгата на извесен Макс, во која е забележана борбата на неговата мајка со истата болест.

„Неговата љубов кон мајка му е моќна. Неговата мотивација да најде одговори од водечките здравствени експерти е инспиративна и тој е доволно љубезен да ги сподели тие информации. Тоа е вистински благослов. Ти благодариме, Макс, што си толку храбар и ранлив да го споделиш ова патување и да ја истакнеш важноста на здравјето на мозокот. Кога живеете во светот на деменцијата, знаете дека опциите се мали, стеснети“, признала Ема дека нејзиниот сопруг е во незавидна положба.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на преведениот на македонски јазик роман на Вилијам Морис „Вести од никаде (или Епоха на спокојот“)

Во вторник, на 21 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи промоцијата на …