Починал гитаристот на АББА: „Беше фантастичен музичар и ретко скромен“

Лас Веландер, гитаристот на некои од најголемите хитови на АББА, починал на 70-годишна возраст по кратка битка со тешка болест.
Лас одигра голема улога во повеќето снимки и турнеи на легендарниот бенд во текот на 70-тите и 80-тите години, а исто така беше вклучен и во создавањето на последниот албум на групата, „Војаџер“, кој беше објавен во 2021 година.
– Со неопислива тага мораме да соопштиме дека нашиот сакан Ласе заспа. Беше фантастичен музичар и скромен како ретко кој друг, но пред се, беше прекрасен сопруг, брат и дедо – стои во изјавата на неговото семејство, пренесува Mirror.
Тој свиреше на вкупно 24 студиски снимки на бендот, вклучувајќи ги и сите осум студиски албуми. Покрај АББА, свиреше и со голем број други бендови и уметници од Шведска.
За време на неговата кариера, тој беше награден со бројни награди, вклучувајќи го и престижниот шведски кралски медал наречен Litteris et Artibus во 2010 година. Подоцна беше примен во шведската музичка куќа на славните во 2014 година заедно со другите членови на AББA.

Фото: Принтскрин/YouTube/Henrique Pinho, Fejsbuk/Lasse Wellander


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …