(ФОТО) „Зборуваат дека мојот сопруг е премногу убав за мене и дека нашиот брак е лажен“

Луѓето ги навредуваат со сурови навреди и негативни коментари, но парот вели дека не им е грижа и често се смеат на тоа.
Џина Мајарес и Џош се во среќен брак веќе три години, но луѓето едноставно не можат да престанат да го коментираат нивниот брак. Џина добива навреди од сите страни, бидејќи троловите се наметнуваат и велат дека нејзиниот сопруг е премногу убав за неа и целосно „надвор од нејзината лига“.
Тие коментираат и дека нивниот брак е лажен, а Џош всушност е тајно геј, пишува Daily Star.

View this post on Instagram

A post shared by Josh & Gina (@teammiyares)


„Луѓето ми кажуваа в лице дека се изненадени дека некој како него може да биде со мене затоа што тој е толку убав и фит, а јас не сум. Тие не разбираат како некој како него може да сака некој што е пополн. Тие се убеден дека нашиот брак не е искрен“, рекла Џина.
Таа истакнала дека овие коментари на почетокот ја повредувале, но сега веќе не и пречат.
Што се однесува до сопругот, тој вели дека навредите на сметка на саканата болат:
„Ме боли кога ги слушам работите што луѓето ги кажуваат за мојата сопруга“, вели тој.


View this post on Instagram

A post shared by Josh & Gina (@teammiyares)


Двојката се венчала во 2019 година, а во последните две години се обидуваат да добијат дете.
„Кога станавме активни на мрежите, знаевме дека луѓето се злобни и дека ќе има коментари. Најчесто тоа не ми пречи, но понекогаш погодува. И двајцата сакаме да поминуваме време заедно и сме заљубени еден во друг. Тоа е сè што е важно“, заклучила.

View this post on Instagram

A post shared by Josh & Gina (@teammiyares)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …