(ВИДЕО+ФОТО) СЕР ТОМ ЏОНС ДЕНЕС ГО СЛАВИ 80.РОДЕНДЕН! Го прогласила мртов по раѓањето а го оживела баба му со кофа ладна вода!

„Ме прогласиле за мртов по раѓањето, а баба ми ме нурнала во кофа со ладна вода и ме ‘оживеала’…“
„Не сум испуштил ниту глас, не сум плачел, па медицинскиот персонал помислил дека сум мртов … Бабицата и рекла на мајка ми: Жал ми е, многу ми е жал, бебето не дише’… Но, за среќа, баба ми била таму, раскажа Том.
Легендарниот пејач Сер Том Џонс денес го слави 80-тиот роденден, а во таа пригода, британското радио „Би-Би-Си 2“ емитуваше приказни за него и неговата работа цела недела. Том бил гостин на програмата и открил интересни детали од детството.


Џонс раскажал како после раѓањето го прогласиле за мртов
„Не сум испуштил ниту глас, не сум плачел, па медицинскиот персонал помислил дека сум мртов … Бабицата и рекла на мајка ми: Жал ми е, многу ми е жал, бебето не дише’… Но, за среќа, баба ми била таму. Донела кофа полна со ладна вода, ме фатила за глуждовите и ме вронила во неа…Секако, веднаш ме слушнале. Баба ми, буквално ме оживеала“, рекол Том.



Освен инцидентот на раѓањето, музичарот се сетил и на своето тешко детство во Велс за време на онлајн концертот „’One World: Together At Home“. Тогаш се заразли со туберкулоза.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …