(ВИДЕО) ПОЛИЦАЈЦИТЕ ВО ВИЕНА СО ПЕСНА ГИ ИЗНЕНАДИЛЕ СОГРАЃАНИТЕ: Со неофицијалната химна им испратиле важна порака!

Полицијата во Виена синоќа во 18 часот од своите автомобили ја пуштиле песната „I am from Austria” (Јас сум од Австрија), на кантавторот Рајнхард Фендрих, што со години се смета за неофицијална химна на Австријците.
„Ова е шармантен начин да се каже благодарам на сите што помагаат и остануваат во домовите“, соопштила службата за информирање на полицијата за агенцијата АПА.


Оваа акција ќе трае барем до крајот на викендот.
Портпаролот на полицијата, Даниел Фирст, вели дека одговорот од граѓаните е многу позитивен а во полицискиот извештај се вели дека граѓаните покрај кои поминувале пееле.
Вечерва, според полицијата, оваа акција ќе се пренесува и преку социјалните мрежи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЛУТОН НА ПОЛНОЌ ТРГНУВА ДИРЕКТНО! Привршува една ера, повеќе ништо нема да биде исто

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …