80 години јубилеј на Национална установа- Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола


Во чест на значајниот јубилеј – 80 години од основањето, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа активности ќе ја одбележи долгогодишната традиција, културната мисија и придонесот на установата во зачувувањето и промовирањето на знаењето.

Програмата започнува на 17 март (понеделник) со панел-дискусија на тема „Библиотеката – срце на заедницата.


На 18 март (вторник) во 12:00 часот ќе бидат доделени награди за посветените читатели, најдобрите библиотечни приказни, роднокрајните автори, како и благодарници за поранешните вработени, кои со својата љубов кон книгата и знаењето придонесуваат за збогатување на културниот живот и библиотечната традиција.

Одбележување на 80 години постоење на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, ќе биде заокружено на 21 март со „Свечена академија“, која со почеток во 19:00 часот ќе се одржи во Свечената сала на КИЦ- Офицерски дом -Битола.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

37 издание на Саем на книга во Скопје: Негување на книжевната култура и љубовта кон книгите

Убавината на книгите е во тоа што тие не разликуваат возрасти, родови, ниту граници – …