8 ЗНАЦИ ДЕКА НЕКОГО ПРИВЛЕКУВАТЕ КАКО МАГНЕТ: Како да препознаете дали меѓу вас и него струи моќна енергија

Дали некогаш сте почувствувале дека целото тело ви трне кога ќе го видите?
Постојат 8 знаци дека некој ве привлекува како магнет.
Дали некогаш сте почувствувале неверојатна привлечност со некого? Толку силна привлечност што наеднаш заборавивте каде сте тргнале, од каде дојдовте и што како магнет целото тело и битие ви се свртуваат кон една личност. Тоа е моментот кога сакате повеќе да ја запознаете таа личност и да откриете која е, што прави, каде оди… А причината за сето тоа е моќната енергетска рамнотежа помеѓу двајца луѓе…

Магнетната привлечност е нешто што го чувствувате и доживувате кога сте во близина на некоја личност, а интуицијата ви шепоти дека таа е таму, дека е присутна, дека таа личност е таа. Не можете да избегате од таквите вонземски чувства, туку се’ повеќе им се препуштате.


Ова се сигурни докази дека некој ве привлекува како магнет:
– Помеѓу вас постои силна привлечност на потсвесно ниво.
– Имате слична енергија и луѓето околу вас ви велат дека сте создадени еден за друг
– Воспоставувате контакт со очи – тие се прозорци кон вашиот внатрешен свет за кои сакате да дознаете повеќе.
– Ги отстранувате бариерите, го отворате срцето и немате проблем да ги кажувате вашите најинтимни тајни.
– Говорот на телото покажува дека ви е удобно со оваа личност – се однесувате слободно и онака како што сакате, без двоумење.
– Интуицијата зборува преку пеперутки во стомакот или кога целото тело ви трне. Чувството на возбуда ви кажува дека сте на добро место.
– Чувствувате неверојатна среќа што не можете да ја сокриете.
– Зборовите не се присутни – се разбирате и во апсолутна тишина.
– Магнетната привлечност може да биде добра основа за врска исполнета со безусловна љубов. Поврзувањето на енергетско ниво е првиот чекор кон создавање романтична врска.

Меѓутоа, магнетната привлечност не може да трае вечно, туку прераснува во љубов. Ако тоа не се случи, ќе научите уште една важна лекција која ќе ви помогне да создадете други врски.


Фoтo: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на најновиот македонски игран филм „Убиј ги прво децата“ вечерва во Кинотека

Вечерва, со почеток од 20:00 часот во Кинотека на Македонија – проекција на „Убиј ги …