Аманда Ниело (31) од Аламо во Калифорнија на Инстаграм објавил фотографија после двојна мастектомија за да ги поттикне луѓето редовно да го проверуваат своето тело.
Аманда имала мастектомија во 2015. година, откако и бил дијагностициран рак на градите.Иако од операцијата минале две години, Аманда е сеуште под впечаток на тоа што и се случило. Така, на Инстаграм, пред неколку дена објвила фотографија од телото после мастектомијата.
„Пред две години поради карцином хируршки ми се отстранети и’ двете гради. Иако повторно имам коса, а моите гради изгледаат доста добро после реконструкцијата, никогаш нема да се ослободам од чувството на страв дека она што можеше да ме убие ќе се врати“ напишала помеѓу останатото Аманда.
Својот пат до лекувањето го документирала и на блогот „Thanks, I Have Cancer” каде опишала како болеста влијаела на нејзиниот живот. Напоменува дека им е многу благодарна на луѓето кои биле покрај неа, но дека сеуште жали за некои односи бидејќи луѓето не можеле да се справат со нејзината болест.
„Животот е луд, тажен, радосен и див и никогаш нема да знаеме што не чека утре, но ако барем можеме да се обидеме да ја спречиме болеста да го направиме тоа. Погледнете се денес, одете на лекар, разговарајте за здравјето, танцувајте, трчајте, скокајте и продолжете да живеете, без оглед на тоа колку е тоа понекогаш тешко“ порачала Аманда.
Нејзината објава била преплавена со зборови на поддршка, а многумина и заблагодариле што ја споделила фотографијата и и’ упатиле зборови на охрабрување.