6 ПОСТАПКИ КОИ ЈА УНИШТУВААТ ВРСКАТА: Избегнувајте манипулации и „играње игри“ со партнерот

Кога има проблеми во љубовната врска, работите нема сами да се решат…
Ако имате потешкотии во врската или бракот, тие може да бидат предизвикани од токсични модели на однесување и навики за кои не сте ни свесни, а кои честопати доведуваат до уништување на интимноста неопходна за силна романтична врска. И секогаш е подобро да се биде свесен отколку да се справувате со последиците.

Еве 6 глупави постапки кои можат да ја уништат интимноста на врската.


1. Играте игри кои го хранат вашето его
Запознавањето може да се спореди со игра каде што секој партнер наизменично прави потег. А за да го привлечете мажот што ви се допаѓа, треба да ги играте вашите карти како што треба и да имате кец на десетка во ракавот. Но, се случува луѓето да одат на состаноци не за добро да се забавуваат, туку само за да си го погалат егото. Тие лажат за емоциите, кријат важни мисли и чувства, манипулираат со околностите за да создадат привлечна слика за себе – и таквата игра на крајот уништува и најмало навестување на интимност. Извесно време преправањето функционира, но порано или подоцна измамата се открива. Без разлика каква маска ќе се обидете да ставите за да го импресионирате или погалите вашето его, вашето вистинско јас сепак се крие под неа.
За да не ја уништите интимноста, престанете да се преправате, дури и ако навистина сакате да се допаднете на маж. Подобро е да го покажете своето вистинско лице и да бидете отфрлени, отколку да започнете да излегувате со некого и насилно да ја одржувате илузијата на сопствениот идеал, изграден на измама и лаги.

2. Поставувате нереални стандарди
Очекувањата се движечката сила зад нашата емоционална состојба. Ако се реални, тогаш сè оди како и обично, но ако се преценети почнуваат проблемите. Да, можете и треба да имате стандарди кога се во прашање врските. Разумно можете да очекувате лојалност од партнерот, емоционална поддршка и други работи кои се важни за развивање доверба и интимност. Но, ако вашите очекувања се преголеми и стануваат далеку од реалноста, не треба да се чудите зошто не можете да најдете соодветен партнер. Никој не е совршен, па затоа веројатно нема да го сретнете господинот совршен.
Со тоа што од момчето го барате она што не може да го даде и надевајќи се дека ќе се промени за да ве задоволи, ја уништувате интимноста меѓу вас. А и најмала доверба во оваа ситуација не доаѓа предвид, како и прифаќањето неопходно за силни и здрави врски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Ако сум жена, не сум коњ“ – Урнебесна комедија за љубовта, очекувањата и реалноста

Урнебесната комедија за љубовта, очекувањата и реалноста „Ако сум жена, не сум коњ“ на 13 …