50 – та Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“


Вчера во комплексот Етно село „Тимчевски“ започна јубилејната 50 – та Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“. Традиционалната Колонија е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерство за култура и туризам на РСМ, во организација на НУ Музеј – Куманово и Фондација за култура и спорт. Оваа ликовна манифестација спаѓа во редот на најстарите во државава, бележејќи континуирана активност.

На ова издание ќе учествуваат 11 ликовни уметници од повеќе земји во регионов: Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Македонија. Ликовната колонија ќе заврши на 13 август, со изложба на новосоздадената продукција.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ОТКРИЕНА ТАЈНАТА КАКО СЛАВНИТЕ СИМНУВААТ КИЛОГРАМИ КАКО НА ШЕГА: Сите најголеми ѕвезди користат ОЗЕМПИК но никој не знае дали е опасен?

Оземпик е лек против дијабетес кој стана сојузник број 1 на Холивуд за слабеење. Решивме …