5 типови на фотографии кои не треба да ги објавувате на социјалните мрежи

Дали размислувате секој пат пред да објавите нешто на социјалните мрежи?
Често објавуваме фотографии, без разлика дали се од пејсажи, луѓе или храна. Но, колку е сето тоа безбедно? Ви откриваме кои фотографии никогаш, никогаш, никаде не треба да ги споделувате.

Пари – кредитни картички
Избегнувајте фотографии кои даваат финансиски информации. Од безбедносни причини, никогаш не фотографирајте изводи од банка, кредитни или дебитни картички или пари. Покрај безбедноста, се поставува прашањето колку такво нешто е соодветно за профил на која било социјална мрежа.


Извод од матична книга
Веруваме дека сте многу среќни што имате бебе, но доколку сакате да објавите фотографија и да ги известите вашите следбеници за добрата вест, избегнувајте го изводот од матичната книга на родените што ги содржи информациите.
Изводот од матичната книга на родените се смета за „основен документ за идентификација“. Исто така никогаш не ја сликајте вашата лична карта, пасош и возачка дозвола.

Деловни мејлови
Објавувањето фотографии од онлајн разговори со колеги или пријатели е непрофесионално и не треба да се објавува на ниту една социјална мрежа.


Фотографии од деца
Објавувањето фотографии од насмеани детски лица можеби изгледа доволно невино, но најдобро е добро да размислите пред да го направите тоа, особено ако не сте добиле дозвола од родителите. Да, вашето бебе и вашите братучеди се многу слатки, но пред да кликнете на споделување, размислете двапати.

Спомени од ноќно излегување
Како општо правило, никогаш не треба да објавувате нешто на интернет што не би сакале да го види потенцијалниот работодавец. Фотографијата на која држите пијалок можеби не е проблем, но повторените фотографии на кои сте под дејство на алкохол дефинитивно не се нешто што сакате да го имате на вашиот профил.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …