5 навики поради кои Јапонците не се дебелеат: Имаат трик за подготовка на храна, а еве што прават за да избегнат мозочен удар


Дознајте кои се навиките кои ги имаат Јапонците, поради што не се дебели и во просек живеат подолго.

Јапонија често се споменува како земја во која луѓето се исклучително здрави, а според веб-страницата „World Population Review“. Интересно е што оваа земја има само 4,5% дебело население, што е една од најниските стапки на дебелина меѓу развиените земји. За споредба, секој петти во Европа има вишок килограми, а секој трет е на прагот на дебелина. Но, што е тоа што Јапонците го прават поинаку?
Јапонскиот начин на живот и нивните навики се клучни за одржување на витката линија, а новинарката Каки Окумура објаснила дека не се работи за дисциплина, туку за едноставни, секојдневни одлуки кои овој народ ги интегрира во својот живот.


1. Секаде одат пешки
Една од клучните разлики е колку се движат Јапонците. Истражувањето на јапонското Министерство за здравство од 2019 година покажало дека мажите прават во просек околу 7.000 чекори дневно, додека жените прават нешто помалку од 6.000. Градот Нагано, кој некогаш имал висока стапка на мозочни удари, изградил бројни пешачки патеки, со што се случило драстично подобрување на здравјето на своите жители. Денес, Јапонија има еден од најдолгиот очекуван животен век во светот, 85 години.


2. Јадат умерено
Иако модерната јапонска исхрана не е имуна на брзата храна, клучот е умереноста. Порциите се помали отколку на Запад, а оброците се избалансирани. Наместо прејадување, Јапонците често избираат помали порции, богати со зеленчук и здрави јаглехидрати како нудли со зеленчук. Ова им овозможува да уживаат во омилената храна без строги ограничувања.


3. Го поедноставуваат готвењето
Едноставноста е клучот кога станува збор за готвењето во Јапонија. Наместо комплицирани јадења, Јапонците често избираат брзи методи на подготовка, како на пример користење на микробранова печка за подготовка на зеленчук. Така тие имаат здрав оброк без премногу труд, што им овозможува да се држат до здравите навики дури и кога се зафатени.

4. Вежбањето е радост
Во Јапонија вежбањето не се гледа како должност, туку како задоволство. Еднаш годишно, училиштата одржуваат „Ден на спортот“ каде секој учествува во различни активности, како атлетика или влечење јаже. Оваа практика кај децата развива љубов кон движењето, додека возрасните често се одлучуваат за активности кои им даваат задоволство.

5. Квалитетот на храната е поважен од квантитетот
Во Јапонија, декаденцијата во храната е поврзана со квалитетот, а не со големината на оброкот. Наместо огромни порции, Јапонците избираат висококвалитетна храна, често сезонска и локално произведена, за да го нахранат своето тело на здрав начин.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Rooftop Open Air Cinema – Незаборавни кино вечери под ѕвездите

Skopje City Mall и Cineplexx ви го најавуваат Rooftop Open Air Cinema. Од 2 јули …