5 ФРАЗИ НА ПРЕЉУБНИЦИТЕ: Една реченица е ужасно вознемирувачка


Кога се фатени во афера, прељубниците имаат многу оправдувања за своето однесување.
Експертите за врски издвоиле 5 фрази кои многу веројатно ќе ги изговори секој маж кој ја изневерил својата партнерка.

1. „Не значеше ништо“
Ако не му значело ништо да ве изневерува, запрашајте се колку му значи вашата врска кога е во состојба да ја згази поради нешто што ништо не му значело.


2. „Никогаш повеќе нема да го направам тоа“
Како што велат, еднаш измамник, секогаш измамник.
Треба да се погледне од перспектива на измамник. Ако го направил тоа еднаш, зошто не повторно? Тој само ќе се труди повеќе да ги прикрие работите следниот пат. Не му верувајте.

3. „Жал ми е“
Жал му е што го фатија! Ако му беше жал, немаше да трча наоколу со други жени.
Нарцисите обично не се грижат за чувствата на другите луѓе. Ќе се преправаат дека се грижат, но ако се грижат за вашите чувства, немаше да го направат тоа што го направиле. Вашата реакција треба да биде: „И јас се извинувам. Жал ми е што го губев времето на тебе. Но, продолжувам понатаму“.


4. „Ти ме натера да го направам тоа“
Ниту една жена никогаш не го натерала својот маж да залута. Не станува збор за тоа што сте направиле или што не сте го направиле поради што окото му залутало. Се работи за неговата идеја дека заслужува да има се што ќе посака, дури и ако тоа е надвор од опсегот на она што ви е дозволено да го правите во брак или врска.

5. „Бев депресивен“
Ако тврди дека бил депресивен и дека единствениот излез од неговите проблеми бил да ве изневерува, тогаш запрашајте се како ќе се справува со проблемите во иднина. Дали за секој проблем ќе трча кај друга жена? Па, шансите за тоа се добри.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На третото издание на Global Azure Skopje, ИТ заедницата во Македонија се обедини за настраданите од пожарот во Кочани

Во саботата, 10 мај 2025 година, во просториите на InnoX иновативниот центар во Скопје се …