Фаза 5: Крајот е неминовен
Кога ќе се случи петтата фаза, емотивната врска повеќе не може да се поправи – ниту со разговор, ниту со барање компромис, според експертите, како што пренесува Hafington Post. Во овој момент ништо не е оставено недефинирано, чувствата на иницијаторот на разводот се кристално јасни, а самиот развод е речиси неизбежен. Секако, секогаш постои таа минимална шанса партнерите повторно да се помират по разделбата, кога ќе се смират несогласувањата и ќе стивне бурата од емоции.
Фото: Архива