Фаза 2: Започнува ерозијата
Втората фаза е фазата на ерозија, во која еден од партнерите сфаќа дека чувството да не се биде повеќе среќен не е само моментално, туку има постојан карактер. Но, без разлика, драстични мерки сè уште не се преземаат. „Саркастични коментари, поплаки, дрзок став и превртување очи се присутни во комуникацијата, но тие се манифестираат само вочетири очи, а не пред другите“, вели Витстоун. Врската постепено почнува да се влошува, но и понатаму се чува на стаклени нозе, некогаш заради децата, некогаш поради финансиски причини, а некогаш поради страв од тоа што ќе мисли околината или членовите на семејството.
5 ФАЗИ НА ПРОПАЃАЊЕ НА БРАКОВИТЕ: Ова се карактеристиките на секоја од нив
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.