40-та изведба на театарската претстава „Мојот маж“ вечерва во Драмски

Вечерва, во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да ја погледнете 40-та изведба на театарската претстава „Мојот маж“.

Колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози
Режија: Нела Витошевиќ


Улоги:
Сара Климоска
Емилија Мицевска
Наталија Теодосиева
Сања Арсовска
Трајанка Илиева – Вељиќ
Игор Ангелов
Филип Трајковиќ
Исмет Шабановиќ

Драмската структура на театарската претстава Мојот маж е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа, драматизацијата на шесте раскази (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и документарениот материјал произлезен од авторските монолози. Дејствата/состојбите од расказите на Бужаровска, како и документарниот дел (авторските монолози) тематски се цврсто поврзани со поднебјето и времето во кое се одигруваат, без притоа да се засноваат на дневно-политички актуелности. Расказите и авторските монолози имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото. Сега, денес, сеуште имаме потреба да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото.


Играно-документарниот пристап, како жанровска определба и драматуршко режисерски концепт, е сеприсутен на европските театарски сцени, но е кревок/редок пример на македонската театарска сцена. Играно-документарниот пристап нуди едно сосема ново, поинакво театарско искуство, кое предизвикува силни емоции и соочување со себе и од себе, со себе кон другиот, од другиот кон себе. Тоа е редок колективен чин кој не е приземно сентиментален и патетичен, туку напротив длабоко е емпатичен и хуман. Присутноста на театарска спонтаност (кај актерот и гледачот) доведува до ослободување и отвара простор за различна театарска перспективност.

Информации и резервации на 076/434343 или https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Во Амстердам отворена градина со 200.000 лалиња, официјален почеток на сезоната на овие цвеќиња во Холандија

Вчера, Националниот ден на лалињата го означи официјалниот почеток на сезоната на овие цвеќиња во …