Дали има друга? Зошто се смени? Дали тој сè уште ме сака? Ваквите мисли се провлекуваат низ главата на жената која чувствува дека нешто не е во ред со нејзиниот партнер.
Секако, интуицијата ретко ја мами жената, особено кога таа ќе слушне одредени фрази од партнерот, а тие најчесто алармираат и будат сомнеж во неговата верност.
Денеска ќе доцнам, имам итен состанок
Почнува да доаѓа дома многу подоцна од вообичаено. Потоа често има итни состаноци, па многу работа, некој добил отказ па морал да остане… Кога ќе поставите едноставно прашање како му поминал денот, добивате тривијален одговор: „Се е во ред“, а по вечераѕа тој молчи, зјапа во компјутерот.
Не ќе можам да го поминам викендот со тебе, би ја однел мајка ми на село
Ако не живеете заедно, но секогаш сте ги поминувале викендите заедно, шетајќи и гледајќи филмови, ова звучи како аларм. Порано се радуваше на викендите. Дури и кога имал работа, те земал со себе, само за да биде со тебе, а сега сака да поминува време со мама во село.
Платив за тренинг во теретана, сакам да изгледам убаво
Порано не се грижеше што јаде, но сега се е поинаку. Готви пилешки гради, вежба и постојано се гледа во огледало. Очигледно е дека вашиот маж се обидува да изгледа подобро. Прашањето е – за кого?
Многу сум уморен од работа, не денес
До неодамна сакаше интимни моменти со вас во секое време, а сега сексот е се помалку во вашиот живот. Наместо убави зборови – одеднаш добивате: „Уморен сум, не денес“.
Да, женската интуиција е исклучително точна, но пред да одлучите да раскинете со саканата личност – проверете дали сте во право.
Фoтo: Архива