3 изјави кои ги кажуваат само нарцисите и што всушност значат: Внимавајте бидејќи зад комплиментите се крие нешто сосема друго

Ајде да погледнеме неколку примери на реченици кои често ги кажуваат нарцисите, со објаснување за нивното вистинско значење.
Нарцисите се мајстори во изборот на зборови за да се чувствуваат супериорни и речиси секојдневно користат одредени изрази за да ја прикријат својата вистинска природа. Дури и кога ќе ви кажат нешто толку едноставно како што е да кажат дека сте нивна сродна душа, често зад тоа се крие многу покомплексен и неочекуван мотив.

Ова се 3-те изјави кои најчесто ги користат нарцисите, а нивното значење е сосема поинакво од она што ние би го помислиле.


1. „Премногу се грижиш и едноставно претеруваш“.
Оваа фраза не е само отфрлање на вашите чувства, туку и обид да ве натера да ја преиспитате сопствената перцепција за реалноста. Нарцисите сакаат да ги преувеличуваат вашите реакции за да ја минимизираат сериозноста на нивното однесување. Ова може да ве натера да се чувствувате виновни за вашите совршено разумни реакции на нивната провокација.
Всушност, нарцис е поединецот кој создава драма и го нарушува мирот, а длабоко во себе дури и уживаат во хаосот што го создаваат. Тие се исто така многу чувствителни на критики и претеруваат секогаш кога нивната големина е загрозена. Покрај сето тоа, тие се и мајстори за проектирање на сопствените чувства на другите.


2. „Ти си добра личност, но мислам дека ни треба пауза“.
За нарцисот, „пауза“ ретко означува вистинска потреба за интроспекција или решавање на проблеми. Наместо тоа, тоа е начин за нив да ја тестираат вашата лојалност додека истражуваат други опции. Оваа изјава најмногу сугерира дека им треба време да стекнат нови сојузници и извори на поддршка, а можеби дури и да започнат нова љубовна врска или авантура.
Во меѓувреме, во ред им е да ве натераат да се чувствувате виновно и непожелно. Ако паузата не изгледа обострана или нема вистинска дискусија за решавање на проблемот, тоа е многу веројатно манипулативна тактика.

3. „Каде ти е смислата за хумор? Премногу сериозно ги сфаќаш моите шеги“.
Нарцисите често го користат хуморот како оружје. Нивните „шеги“ се прикриени напади кои имаат за цел да ве понижат, а притоа да го задржат изгледот на невиност. Тие користат шеги за да ве понижат, но нивните шеги не се непромислени и непланирани, туку сосема спротивно.
Ако хуморот секогаш доаѓа со тоа што ве понижува или прави да се чувствувате непријатно, тоа не е вистински хумор, туку форма на емоционална манипулација.


Како да се заштитите?
– Поставете граници: Ако се чувствувате дека некој манипулира со вас, јасно и одлучно изразете ги своите чувства без да паднете во нивната замка.
– Не ги доведувајте во прашање сопствените чувства: Запомнете дека вашите реакции се валидни и дека не треба да ги оправдувате.
– Побарајте поддршка: Разговорот со пријателите, семејството или терапевт може да ви помогне да ги забележите манипулативните модели и да развиете стратегии за справување со нив.
– Избегнувајте аргументации: Нарцисите се вешти во „извртување“ на аргументите. Држете се до вашите граници без да влегувате во бескрајни расправии.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …