Има многу јадења со зелка, а денес ви предлагаме посна варијанта
Потребно е:
1 главица свежа зелка
2 моркови
1 страк праз
4 чешниња лук
2 компири
1 зелена лута пиперка
помал корен од целер
200 мл варени домати
1 лажица брашно
масло, зачини
мелен црвен пипер
издробена лута пиперка по желба
Подготовка:
Исецкајте ги на масло празот, морковот, зелената пиперка, па пржете. Кога ќе омекнат, додадете ги компирите исечкани на коцки, зелката исечкана на коцки и лутата зелена пиперка.
Налијте вода и поклопете да се вари околу 40 минути. Додадете сварени домати на крајот. Во тавата истурете масло и сечканиот лук.
Додадете го брашното, кога ќе порумени, додадете ја мелената пиперка и веднаш додадете се во зелката. Лесно измешајте и додадете сув зачин и искршена пиперка по желба. Оставете да се вари неколку минути. Пријатно!
Фото: Принтскрин/YouTube