Регистрираната диететичарка од Њујорк, Натали Ризо, вели дека нејзиниот врвен совет за слабеење е да јадете почесто во текот на денот за да избегнете да посегнувате по колачиња и чипс бидејќи сте гладни.
Иако калориите навистина влијаат на слабеењето, диететичарката Натали Ризо верува дека клучот за губење на тежината е да се избегне прегладнување.
„Всушност, навиката број еден за слабеење е да јадете пред да бидете гладни“, напиша таа за EatingWell.
View this post on Instagram
Времето е клучно
Во нејзиниот аргумент за редовни, постојани оброци, Ризо укажала на студија од 2022 година која покажала дека конзумирањето конзистентна количина на калории во редовни интервали, како што се појадок, ручек и вечера, може да го зголеми успехот во губење на тежината.
Ризо вели дека времето е клучно – ако не можете да јадете секој ден во исто време, обидете се да јадете оброк или ужина на секои три до четири часа за да го спречите гладот.
„Навика број еден за слабеење е да јадете пред да огладнете“
„Ќе ви даде доволно време да ја сварите храната, но ќе ве спречи да имате долг јаз помеѓу оброците каде што ќе бидете гладни“, објаснила Ризо за EatingWell.
Секако, важно е и каква храна јадете. Ризо предлага протеинот да биде приоритет во вашата исхрана и да се балансираат со јаглехидрати – како што се овошје, зеленчук, цели зрна, грав и мешунки – и „малку“ здрави масти.
Диететичарот сугерира дека протеините треба да бидат приоритет во вашата исхрана
Протеините можат да направат да се чувствувате сити бидејќи им е потребно подолго време за варење од другите хранливи материи. Исто така, тие можат да помогнат да се зачува чистата мускулна маса, а мускулите согоруваат повеќе калории отколку маснотии, пишува “Nypost”.
Фото: Принтскрин/Instagram