„Judy“ е новата песна на Александар Петрески

Со задоволство Ви ја претставуваме нова авторска песна на младиот гитарист, пејач и продуцент од Охрид, Александар Петрески, насловена како Judy!

Видеото, во едно преубаво јулско приквечерие на местото кое јас го нарекувам Филип втори (измеѓу Канео и Лабино во Охрид), во една преубава дружба го снимивме заедно со видео и аудио продуцентот Даниел Јовески. Никогаш не сум се осетил посигурно пред камера и искрено ја уживав секоја секунда, знаејќи каков мајстор стои зад камерата! Сонцето полека го напушти хоризонтот, а ние полни со позитивна енергија го запревме времето и запишавме историја подарувајќи Ви го ова видео, вели младиот музичар Александар.


Музиката, текстот, аранжманот и микс е дело на Александар Петрески, мастеринг – Daniel Joveski Sustain Production и Видео – Даниел Јовески. Останете во тек и следете го Александар на социјалните мрежи, Youtube, Facebook, Instagram, TikTok…Уживајте!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стивен Санчез го промовираше деби албумот „Angel Face“

Стивен Кристофер Санчез е роден на 3 ноември 2002 година и е американски пејач и …