На 20.09.2023 година (среда), Кокан Димушевски ќе го промовира својот нов албум “The back of beyond” во Аудиокултура, кој воедно е и негов прв албум издаден на винил.
“The back of beyond” е албум од 8 композиции на кои Кокан Димушевски е комплетен автор и изведувач. Винилот има свое македонско, српско и хрватско издание во ограничен број.
Настанот започнува во 19 часот, а посетителите ќе може да набават потпишан примерок по промотивна цена на денот на промоцијата.