„Омеѓени приказ(н)и“ изложба на цртежи од Тони Васиќ

Денес во „Културно Информативниот Центар“ во Скопје, во салонот Империјал 1, со почеток од 19:00 часот, ќе биде поставена изложбата на цртежи од Тони Васиќ. Изложбата ќе биде отворена до 03.10.2023 година.

Изложбата „Врамени приказ(н)и“ на проф. д-р Тони Васиќ е составена од 17 цртежи (70 х 100 см), избор од серијата од дваесетина цртежи инспирирани од мотивот глуварче. Цртежите се работени на бела хартија, со туш и перце, во време на Ковид-19 карантин и изолација (од 13 март 2020 до 13 септември 2021).


Тони Васиќ ги врамува на свој уникатен и својствен начин своите „рески и црти“ во ликовни нарации со висок стил. Колку е поминуциозна формата на имагинарните рески на глуварчињата, колку е понеобична кружната егзистенција на глуварчињата, колку се поумерени контрастите, колку се поинвентивни наративните поенти (геометриски, колоритни, технички), колку се поризични комбинациите од типот „слика-во-слика“, толку е попривлечен естетскиот амбиент на цртежите, толку е посилна фасцинацијата. Оти не може да не бидеме фасцинирани од „простата и сложена“ форма на глуварчето, преобразена во ликовни дела изведени до совршенство, а такви се цртежите од серијалот на Тони Васиќ.

Тони Васиќ е роден во 1966 година во Скопје. 1991 – Дипломирал на Факултет за ликовни уметнотсти – Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, 2002 – Магистрирал графика на Факултет за ликовни уметнотсти – Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, 2016 – Докторат на Институтот за културолошки студии, Универзитет Евро-Балкан, Скопје.
Во периодот од 1988 до 2023 учествувал на повеќе од 500 национални и меѓународни групни изложби во Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Унгарија, Јапонија, Кореа, БиХ, Франција, Германија, Белгија, Полска, Романија, Хландија, Литванија и др. Добитник на 13 награди за уметност и дизајн. Работи како професор на Факултетот за архитектура и дизајн на Уноверзитетот Американ колеџ Скопје. Член на ДЛУМ од 1991 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стивен Санчез го промовираше деби албумот „Angel Face“

Стивен Кристофер Санчез е роден на 3 ноември 2002 година и е американски пејач и …