Ris Flower на есенска турнеја во Јапонија

На покана на локалните јапонски промотери, нашата интернационална музичка ѕвезда Ris Flower во октомври ќе реализира концертна турнеја во 6 јапонски градови: Токио, Осака, Кјото, Кобе, Нагоја и Шизуока.

Заради големата заинтерсираност и прифатеност на музиката на Ris Flower во Јапонија, тој на турнејата ќе го промовира материјалот од својот авторски деби-албум “Flow”.


Во овој значаен и историски момент за современата македонска поп и рок музика, со својата турнеја низ Јапонија, Ris Flower повторно докажува за квалитетот и вредноста која ја носи како музичар, овој пат пробивајќи ги и интерконтитенталните граници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стивен Санчез го промовираше деби албумот „Angel Face“

Стивен Кристофер Санчез е роден на 3 ноември 2002 година и е американски пејач и …