Сандра Силаѓев со Скопје!

На 9 октомври во Филхамонија со почеток во 21 часот, македонската публика ќе има можност да ја гледа Сандра Силаѓев со мегахитот/монодрама „ДЕЈТ” кој успеа да наполни дворани низ цела Европа.

Билетите можат да се набават во продашната мрежа на МК Тикетс или на веб сајтот mktickets.mk


За монодрамата:

Оливера Живковиќ, средовечна дама и самохрана мајка, излезе на закажан состанок. Сепак, нејзиниот „дејт” не се појавува.


Затоа Оливера чека…

Кој и што? Дали ќе ги дознае резултатите од нејзините медицински наоди? Дали ќе го открие значењето на бракот и заколнувањето на вечна љубов? Како Оливера го третира мајчинството и како ја толкува положбата на жената во денешното општество? Дали ќе разбере зошто должината на фустанот и висината на потпетиците се обратно пропорционални со степенот на морал? Ќе дознае ли дали кафулињата се приспособени на потребите на лицата со посебни потреби? Дали светот е безбедно место за тинејџерките? Дали е подобро да се биде платена или неплатена домаќинка? Како самохрана мајка го дои своето бебе и оди на работа во исто време?


Оливера се чувствува како дама, бабичка, спинстерка и распуштеница, дури и вдовица, иако – никој не умрел. Ставена во категоризации и меѓу чудните односи на љубовниците во 21 век. Таа верува дека не бара многу од животот, едноставно само она што секој возрасен поединец го сака за себе – да ја најде својата сродна душа. Има ли нешто за Оливера во „целиот овој свет”? Или барем на интернет?

Публиката ќе има можност да го следи текот на мислите на Оливера и да и помогне да го најде одговорот на некои од овие прашања за време на специјалниот епилог на Q & A.

НАПОМЕНА: Оваа монодрама не е за малолетници!

Вулгарноста и вулгарната реторика се користат како инструмент за прикажување на двојните стандарди наметнати на жените.
Снимање и фотографирање за време на монодрамата не е дозволено.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО: Добро расположение!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Museum Mashup – Ноќ на културата во стар град во Охрид

Денес, со почеток во 20:00 часот ве покануваме на една невообичаена староградска вечер на културата, …