На денешен ден починала Грејс Кели: Таа со застрашувачка реченица ја тешела принцезата Дијана и како да ја предвидела трагичната судбина

Принцезата Грејс од Монако, поранешна холивудска актерка во светот позната како Грејс Кели, и никогаш зажалената принцеза Дијана имаат слични животни приказни: и двете живееле навидум бајки, и двете биле несреќни и двете загинаа во сообраќајни несреќи.
Сопругата на Рение III од Монако почина во 1982. година, една година откако ја запозна Лејди Ди, која штотуку му кажала „да“ на принцот Чарлс.
Тие две имале многу повеќе сличности отколку што изгледа на прв поглед.
Прославената Грејс Кели го запознала принцот Рани на Канскиот филмски фестивал во април 1955. година и по една година врска му кажала „да“ откажувајќи се од својата холивудска кариера. Дијана немала светска слава пред да го запознае принцот Чарлс, но работела како дадилка и воспитувачка и се издржувала и била задоволна од својот живот кој ветувал бројни можности. Сепак, Лејди Ди се откажала од се и се приклучила на кралското семејство.

И двете принцези биле посветени на хуманитарната работа и познати по својата работа: Грејс била покровител на Црвениот крст во Монако и посветена на благосостојбата на децата, како и Дијана, која учествувала во многу организации и се фокусирала главно на децата и заразените со ХИВ.
И’ Грејс и Дијана се соочиле со неверствата на нивните сопрузи и и’ двете страдале во тишина, скриени зад скапите фустани и бесценетите дијадеми.
Двете можеби најпознати и најсакани принцези во 20. век се сретнале на рецитал, во познатата сала Голдсмитс во 1981. година, а фотографиите од нивната средба го обиколија светот.
Една од најпознатите холивудски диви застанала до младата, неискусна и се уште збунета млада принцеза Дијана, која години подоцна јавно се присети на нивниот разговор. Во познатите снимки што Лејди Ди ги направила за Ендру Мортон и нејзината биографија „Дијана: Нејзината вистинска приказна – според нејзините зборови“, таа ја раскажала оваа средба.


– Се сеќавам дека ја запознав принцезата Грејс и колку беше убава и мирна. Но, под тоа имаше вознемиреност, тоа го видов – изјавила Дијана.
Грејс, која тогаш имала 52. години и веќе била искусна во вештачки насмевки на свечените настани, забележала колку и е непријатно на младата принцеза. Таа ја поканила во тоалетот на разговор, а Дијана потоа ѝ се доверила за нејзините грижи и стравови, на што Грејс нежно ја потапкала по образот и и рекла:
– Не се грижи. Ќе биде само полошо!
Следната година, светот беше шокиран од веста дека Грејс Кели починала откако нејзиниот автомобил излетал од карпата на кривулест пат и паднала 120 метри по падината. Судбината сакаше Дијана да настрада во сообраќајна несреќа – на крајот на август 1997. година, доживеа несреќа во тунел во Париз, по што беше неуспешно оперирана и набрзо беше прогласена за мртва.

Фото и извор: www.magazin.novosti.rs


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стивен Санчез го промовираше деби албумот „Angel Face“

Стивен Кристофер Санчез е роден на 3 ноември 2002 година и е американски пејач и …