(ФОТО) Подарок кој може да промени се: Ќерката на принцот Хари добила специјално изненадување од кралот Чарлс

Подарокот што ќе го добие принцезата може да значи помирување меѓу Хари и кралот Чарлс.
Ќерката на принцот Хари и Меган Маркл, Лилибет Дијана го прослави својот втор роденден, а по тој повод кралот Чарлс решил да и подари посебен подарок.
Иако првиот роденден на своето најмало дете го прославија во Велика Британија, Хари и Меган овојпат решија да заминат во Америка, веројатно поради заладените односи со кралското семејство.

Сепак, покрај тоа, кралот Чарлс сè уште сака Лилибет да има спомен од него и засекогаш да ја памети кралицата Елизабета Втора.
Наводно, кралот Чарлс „имал свои помошници кои му помогнале да нарача куќичка направена по негов вкус, многу слична на онаа што ја имале кралицата Елизабета и принцезата Маргарет кога биле девојчиња“.


View this post on Instagram

A post shared by Sussex Daily (@sussexdaily)


Кралицата Елизабета својата куќичка за играње ја добила кога имала шест години. Се викала „Малата колиба“ и била „подарок од народот на Велс“. Таа стоела во Кралската ложа во Виндзор.
Потоа била „пренесена на принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис“ а бидејќи Лилибет не живее во Обединетото Кралство и не може да ужива во тоа, Чарлс се погрижил и таа да добие куќичка за уживање.
Ова може да биде почеток на помирувањето меѓу завојуваните страни.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стивен Санчез го промовираше деби албумот „Angel Face“

Стивен Кристофер Санчез е роден на 3 ноември 2002 година и е американски пејач и …