Скопскиот бенд Fiction со нов сингл насловен „Брои до 3″

Скопскиот бенд Fiction го ојбави новиот сингл насловен како „Брои до 3″. Песната е создадена и снимена во периодот април – мај 2023, и продолжува да го негува алтернативниот рок звук на бендот, овојпат збогатен со фанк и фјужн влијанија.

Музиката и текстот за „Брои до 3″ се на гитаристот на бендот, Виктор Захариев, додека за микс и мастерот беше задолжен Раде Биковски. Во снимачкиот дел помогна Јана Ѓуревска.


Освен тапаните, кои се снимани во студиото „Подрумот” на Ангел Ќосев, песната е во целосна продукција на бендот.

Видео спотот за „Брои до 3″, исто така е во целосно самостојна продукција на бендот.


Бендот има настапувано на повеќе фестивали меѓу кои и Андерфест фестивал во Скопје.

Fiction го сочинуваат: Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара, вокал, Филип Андонов – бас гитара и Теодор Теодосиевски – тапани.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стивен Санчез го промовираше деби албумот „Angel Face“

Стивен Кристофер Санчез е роден на 3 ноември 2002 година и е американски пејач и …