ОБЈАВЕНА КНИГАТА „ФУДБАЛСКИ СОН“ ОД ЛИНЕКЕ ДАЈКЗУЛ

Во издание на „Бата прес“ се објави книгата за деца и млади „Фудбалски сон“ од познатата холандска авторка ЛинекеДајкзул (LienekeDijkzeul). Романот од холандски на македонски јазик го преведе Ели Пујовска. Објавувањето на ова дело е подржано и од „Холандската фондација за литература“ и е во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, во текот на оваа и во наредната година со поддршка од Европската унија, во програмата „Креативна Европа“ќе објави 15 книгиза деца и млади од 15 познати европски автори.
Ова е книга за фудбалот во која при читањето ќе уживаат дури и оние што не сакаат спорт. Се чини невозможно, но така е.
Момчињата Рахман, Тигани и Хенри имаат талент, што значи имаат некаква шанса да избегаат од големата сиромаштија во нивното село, во Африка. Нивниот тренер има контакти во фудбалски клуб во градот и ќе ангажира скаут да дојде и да види колку вешто тие можат рачно изработената топка да ја шутираат и водат по прашината.

This image has an empty alt attribute; its file name is Korica-Fudbalski-son.jpg
Само Рахман ќе ја има потребната сила на карактерот за да се пробие. По трансферот во Холандија, кога Рахман ќе се врати во селото, носејќи кул патики и нови алишта, ќе сфати дека никој повеќе не го гледа како Рахман, туку се фокусираат на неговите пари и неговиот успех. Ама и тој е сменет.
Токму оваа драма го прави романот „Фудбалски сон“ толку силен. Дајкзул не пишува за фудбалот бидејќи е убава игра за момчиња, туку затоа што има важна порака. Оваа волшебна приказна зборува за големата жртва што понекогаш ја бара амбицијата.
Холандската писателка ЛинекеДајкзул (LienekeDijkzeul) е родена во 1950 година. Таа е авторка што е најпозната по своите детски и тинејџерски книги. Нејзините романи Detweedevioo (Втората виолина, 1991), Eenmuismetklauwen (Глувче со канџи, 1993) и Kortsluiting (Краток спој, 1996) беа во најтесен избор на жирито за Холандската награда за детска литература. Во 2006 година ја објавила својата прва книга за возрасни, психолошкиот трилер Destillezonde (Тивок грев). Во 2007 година, го објавила продолжението Koudelente (Студена пролет), втората книга со Пол Вегтер како главен лик. После големиот успех со овој серијал, ги напишала и продолженијата Degeurvanregen (Мирисот на дождот, 2009), Verlorenzoon (Изгубениот син, 2011) и Watoverblijft (Она што останува, 2012).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Museum Mashup – Ноќ на културата во стар град во Охрид

Денес, со почеток во 20:00 часот ве покануваме на една невообичаена староградска вечер на културата, …