НОВИ ИЗДАНИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ СТРИП ЦЕНТАР-ВЕЛЕС

Како дел од годишната програма на Министерството за култура на Р.Македонија –во областа на литературата и издавачка дејност Стрип центар на Македонија-Велес ги публикуваше стрип книгите

·         „МЕЧКИН КАМЕН  –КАРПОШ ” од Миле Топуз


·         „КИКО И ВЕКИ И ВСЕЛЕЛЕНСКИТЕ ГУСАРИ”-Јордан Манасиевски

·         „МАКЕДОНСКИ СТРИП АЛМАНАХ 2023 –Група на автори


Според Томе Трајков-програм координатор, се работи за изданија од различен по себе жанр жанр и различни генерации на автори

Пред се Миле Топуз којшто е еден од најплодните македонски стрип илустратори,продолжува со обработка на тема од македонската историја. Имено , мегу другото тој досега има публикувано и стрипови за : Хацон, крал Пребонд, цар Самоил, Климент Охридски, Гаврил Радомир, Ѓорѓи Војтех и други. За својата долгогодишна дејност во областа на стрипот, тој е добитник на признанието за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов” доделено од Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес.


Јордан Манасиевски пак е ликовен уметник од Охрид  со светско реноме кој преку своите уметнички дела ги афирмира охридските и македонски вредности пред Светот. Во оваа стрип книга е вметнат само дел од опусот со споменатите јунаци коишто ги обработува уште од 1981 г

И на крај , стрип книгата МАКЕДОНСКИ СТРИП АЛМАНАХ 2023 –Група на автори е резултат на повекегодишното издание -континуитет на идејата на стрип центарот за афирмирање на  претежно млади , македонски стрип автори.

Во овогодинешниот СТРИП АЛМАНАХ  се претставуваат : Васко Гаврилов, Ѓургица Варела , Јана Бутеска, Ана Марија Стефаноска, Мартина Величковска, Оливер Цветковски, Тоде Блажевски. Сибел Исмаилова,Илко Стојановски, Ване Трајков и (како гостин)  Исток Ситар од Словенија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Museum Mashup – Ноќ на културата во стар град во Охрид

Денес, со почеток во 20:00 часот ве покануваме на една невообичаена староградска вечер на културата, …