Сега пензионираниот 61-годишен актер, кому во 1991 година му беше дијагностицирана Паркинсонова болест, паднал додека се движел на сцената на поанелот за „Враќање во иднината“, во Филаделфија овој викенд, пренесува Daily Mail.
За среќа, ударот го ублажил каучот на кој паднал, а актерот не се повредил и по падот брзо продолжил со панелот.
Во таа прилика му се придружиле и неговите колеги од „Враќање во иднината“, Кристофер Лојд (84) и Том Вилсон (64).
Michael J. Fox falls onstage at ‘Back to the Future’ expo amid Parkinson’s battle. https://t.co/zlcKdIQCWF pic.twitter.com/vu0GQc6USe
— Page Six (@PageSix) June 5, 2023
Медиумите го објавија неговиот пад нешто повеќе од еден месец откако тој јавно кажа дека неговата 30-годишна битка со Паркинсоновата болест се влошува.
Фокс, кој го играше иконскиот Марти МекФлај во сите три филмови „Враќање во иднината“, на панелот дошол облечен лежерно: во црни фармерки и тексас јакна преку бела маица.
Во април, Фокс искрено зборуваше за неговата борба со Паркинсоновата болест, велејќи дека станува се потешко и потешко.
„Секој ден е се потешко… Така е“, додал познатиот актер.
Фото: Архива