Почина ѕвездата од серијата „Wild ‘N Out“. Џеки Ох, имаше само 32 години. Џеки почина во Мајами каде неодамна престојуваше со нејзината мајка. Како што пренесуваат странските медиуми, таа веста за престојот со нејзината мајка ја споделила со заедницата на Инстаграм, но многу брзо ја избришала.
Тажната вест потоа беше потврдена на социјалните мрежи на познатото шоу.
View this post on Instagram
-Многу сме тажни поради смртта на Џеклин Смит, попозната како Џеки Ох, талентиран член на семејството „Wild N Out“. Ќе ни недостасува и запаметена засекогаш. Џеки беше сакана од сите нејзини колешки на сетот, во текот на сите пет сезони на шоуто. Уште поважно, таа беше одлична мајка на три прекрасни деца. Изразуваме искрено сочувство, се вели меѓу другото во соопштението.
Фото: Принтскрин/Instagram