АНГЕЛА ПЕТРУШЕВСКА НАЈДОБАР МЛАД АВТОР НА СТРИП НАТПРЕВАРОТ ВО ВАЉЕВО, СРБИЈА

Денес 02.06.2023 г во Ваљево, соседна Србија свечено ќе биде отворен 6.тиот Ваљевски стрип фестивал .

Организатор на истиот е Арт групата АКТ во соработка со Центарот за култура од овој град како и Центарот за уметност на стрипот од Белград.


На овој фестивал, меѓу другите содржини ќе се доделат наградите од стрип конкурсот објавен уште есента 2022 г и организира изложба од делата по истиот конкурс

Меѓу другите ,во категорија на најдобри стрип автори до 18 г, првото место го освои Ангела Петрушевска ученичка во ДСУЛУД „Лазар Личеноски ” од Скопје.


This image has an empty alt attribute; its file name is angela-petrusevska.jpg

Веќе традиционално,специјална награда за педагошка работа добива Стрип центар на Македонија со седиште во Велес


Треба уште да се истакне дека специјално признание доби и наменскиот проект „ЗА НАШИТЕ СОСЕДИ И ПРИЈАТЕЛИ “(Роми з.а ) имплементиран од Македонскиот стрип центар-Велес и Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико,Скопје.

This image has an empty alt attribute; its file name is Angela-Petrusevska-1.jpg

Изјава на Томе Трајков, програм координатор во Стрип центарот:

„… Мојата организација уште од своето формирање , мегу другото, отвора врати на мегународна соработка со други земји. Да потсетам дека во склопот на Ваљевскиот стрип фестивал во 2019 г беше отворена и изложба на современи македонски стрип автори а јас бев присутен како специјален гостин на истиот фестивал.

Околу фестивалот во Ваљево можам да кажам дека спаѓа во редот на бројни вакви настани во соседна Србија и е од оној тип кој овозможува блиска комуникација помегу присутните учесници.

За младата Ангела Петрушевска , на крај,можам само дека со својот ентузијазам и трудољубивост граби со цврсти чекори напред .Таа се повеќе прераснува во вистински амбасадор на македонскиот стрип центар а наскоро тоа ќе го потврди со свое учество на конкретен настан надвор од државата .Но, затоа ,потоа!…..„

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Museum Mashup – Ноќ на културата во стар град во Охрид

Денес, со почеток во 20:00 часот ве покануваме на една невообичаена староградска вечер на културата, …