(ФОТО) Тинејџерка (17) на која и останале уште неколку месеци живот го замолила пејачот да го добие „ПРВИОТ И ПОСЛЕДЕН БАКНЕЖ ВО ЖИВОТОТ“: Зборови кои ги скршија луѓето

Минатата година мајката на Еден Луис (17) организирала матура за својата ќерка која боледува од најтешкиот облик на рак на коските. Лекарите на тинејџерката и предвидувале уште неколку месеци живот, а нејзината мајка давала се од себе времето што и останува да го помине на најдобар можен начин.
На почетокот на јуни 2022 година, лекарите го контактирале семејството Луис и ги информирале дека ракот почнал агресивно да расте. За жал, по прегледот од страна на специјалистот, била потврдена најлошата вест, на Еден не и останало многу време.


„Мислевме дека болките што се појавија за време на заклучувањето се резултат на премногу одморање на Еден бидејќи не беше активна како обично. По прегледот и конечната дијагноза, не ми остана многу како мајка“,изјавила Теса Луис за „Daily Record“ минатата година.

This image has an empty alt attribute; its file name is tinejdzerka-1.jpg


Еден, колку што можела, одела на училиште на часови и била со другарките, но бидејќи била слаба и не можела да се движи, нејзината мајка организирала матура за нејзината ќерка и ги замолила нејзините школски другари и другарки да и помогнат.

This image has an empty alt attribute; its file name is tinejdzerka-pridruzba.jpg
Еден неодамна на Фејсбук објави дека ќе присуствува на концертот на британската музичка ѕвезда Хари Стајлс во Кардиф на 21 јуни и побарала од него да и исполни желба. Хари Стајлс моментално е на турнеја со неговиот последен албум „Harry’s House“.


This image has an empty alt attribute; its file name is hari-stajls.jpg

„Првиот и последен бакнеж. Имам 17 години и болен од рак. Ова би бил мојот прв бакнеж, а можеби и последна прегратка. Твојот посветен обожавател на умирање“, напишала Еден.

Набргу откако таа го објави последното на Фејсбук, фановите направија сè за Хари да ја види пораката, но тој сè уште не одговорил.

Рак на коските
Остеосаркомот, најчестиот рак на коските, обично се јавува кај деца и луѓе на возраст меѓу 10 и 30 години и најчесто започнува во рацете, нозете или карлицата.
Јуинг-овиот сарком е исто така почест кај децата и младите возрасни. Најчесто започнува во рацете, градите, нозете, карлицата и ‘рбетот. Луѓето на возраст над 40 години имаат поголема веројатност да имаат хондросарком – обично во рацете, нозете или карлицата.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Под мотото „Прекрасното непознато” вечерва почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки”

Под мотото „Прекрасното непознато” Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки” вечерва ќе го започне своето …