(ФОТО) Конечно решена мистеријата за малото девојче: Да не беше Нетфликс, немаше да ја најдат!?

По речиси шест години од нејзиното исчезнување, пронајдена е Кајла Анбехаун, која исчезнала како деветгодишно дете од американската сојузна држава Илиноис.
Како што објави ABC News, Кајла последен пат била видена на 4 јули 2017 година кога нејзиниот татко Рајан, кој го имал старателството над неа, ја оставил за викенд со нејзината мајка. Следниот ден ги немало, по што полицијата почнала да трага по нив.
Немало ни трага ни глас од неа во следните шест години, а потоа дошло до откритие.
Имено, Американскиот национален центар за исчезнати деца објавил фотографии од тоа како денес би можела да изгледа Кајла, а за нејзино пронаоѓање помогнал и документарниот филм на Нетфликс „Нерешени мистерии“ во кој една епизода била посветена на исчезнувањето на девојчето.
Така, сопственикот на продавница во трговски центар во Ешвил, Северна Каролина, го препознал девојчето од документарецот, па ја известил полицијата.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Под мотото „Прекрасното непознато” вечерва почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки”

Под мотото „Прекрасното непознато” Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки” вечерва ќе го започне своето …